| четврток, 6 декември 2018 |

Терористот што го закла свештеникот ги повикува муслиманите: Уништете ја Франција

francija napad

Исламската држава објави видео на кое еден од напаѓачите во црквата во северна Франција ги повикува сите муслимани да ја уништат оваа земја.

На видеото кое е снимено пред нападот, Абдел Малик Набир Птижан, кој е идентификуван како еден од двајцата што го убија свештеникот пред да ги убие полицијата, се обраќа директно на претседателот на Франција, Франсоа Оланд, и на премиерот Мануел Валс.

  • Времињата се променија. Ќе патите на ист начин како што патат нашите браќа и сестри. Ќе ја уништиме вашата земја, вели на снимката човекот за кого ИД тврди дека е Абдел Малик.
  • Браќа излезете со ножеви, што и да е потребно, напаѓајте ги, убивајте ги масовно, ги повикува муслиманите да ги напаѓаат сојузничките сили на коалицијата која се бори во Сирија против ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top