Еден загина, а две жени се повредени од удар на гром во близина на Зворник, Република Српска. Во моментот на несреќата брачниот пар и сестрата на жената стоеле под дрво на отворено место.
Громот удрил директно во градите на 40 годишниот Миле Стевановиќ, а излезниот крај на громот бил во ногата затоа што во моментот на ударот стоеле.
Стевановиќ бил пренесен во болница без знаци на живот, но по успешната реанимација префрлен бил во болничко одделение. Според лекарите, пациентот бил во кома, но за жал по извесно време починал.
Неговата сопруга, 21 годишната Слободанка Стевановиќ и нејзината малолетна сестра минале со полесни повреди, па по лекарскиот преглед биле пуштени дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.