Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ на Стевчо Јакимовски, соопшти дека ќе го поддржи семакедонскиот протест кој треба да се одржи денес во 18. часот, објаснувајќи дека не се согласуваат со политиките на актуелната власт, особено со дипломатските потези по однос на нашето Уставно име.
– По повод СЕМАКЕДОНСКИОТ ПРОТЕСТ закажан на 27-ми фебруари 2018-та година во 18:00 часот, пред ЕУ Центарот во Скопје, Граѓанска Опција за Македонија го подржува. ГРОМ не се согласува со политиките на актуелната власт, особено во дипломатските односи и цената која ние како Македонци треба да ја платиме за нашето ченство во Атланските и Еврпоските интеграции.
– Граѓанска Опција за Македонија цврсто стои на ставот дека името Република Македонија, не треба да менува. Затоа, ГРОМ ќе го подржува секое јавно изразување во контекст на несогласување со водењето на надворешната политика од страна на владата, а особено по прашањето на името на државата, идентитетот, јазикот и историјата.
– Ова се прашања за кои никој во историјата не водел компромис, ниту било која земја во светот. Затоа и Република Македонија нема зошто да прави отстапки за членство во сојузи за кои не им се знае рокот на траење, стои во соопштението на ГРОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.