Властите на францускиот град Кан им забранија на граѓаните и туристите на локалните плажи да носат големи тоби. Оваа мерка е воведена поради безбедносни причини.
Градоначалникот на Кан Давид Лиснер изјави дека новата мерка овозможува да се спречи внесување на торби кои би можеле да содржат експолозив или оружје и и овозможува на полицијата да интервенира на прагматичен начин, пренесува агенцијата АП.
Забраната која вклучува и носење на големи ранци, куфери и други големи торби ќе биде најмалку до октомври.
Овие мерки се воведени две недели по терористичкиот напад во Ница каде што беа убиение 84 луца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


