| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска исполнете ја секоја желба на децата – ги славиме св. Јулита и Кирк

kirik

Света Јулита беше од царски род. Беше мажена и во бракот имаше син Кирик. Кога Кирик беше на тригодишна возраст остана без татко, а Јулита без маж. Кога почнаа прогоните при Диоклецијан, Јулита беше принудена со синот да ја напушти Иконија, па се пресели првин во Селевкија, а оттаму во Тарс, во областа Киликија. А во Тарс се случи нивното мачеништво. Света Јулита беше изведена пред суд како христијанка и ставена на маки пред очите на тригодишниот Кирик. А ова момченце воспитано во христијански дух и самото повика дека е христијанин. Управникот на градот, озлобен од ова смело исповедање на тригодишниот Кирик, го турна момченцето надолу по скалите и го уби. Веднаш потоа беше погубена и мајка му. Така се овенчаа со маченички венец свети Кирик и Јулита во 304 година.

Се верува дека св. Кирик штити од кожни болести, па овој ден сите што имаат здравстевни проблеми со кожата се бањаат во изворите и реките.

Во некои краишта постои обичај за отстранување на страшила од нивите, бидејќи денеска не се потребни. Се верува дека св.Кирик (Кирил) штити од птиците грабливки.

Како е ова, пред се празник на љубовта на мајката и детето, жените на денешен ден треба да избегнуваат да ги караат децата, бидејќи се верува дека во спротивно ќе бидат болни преку година.

На ова древно правило се придржуваат и останатите домашни, па на денешниот празник најмногу му се радуваат децата бидејќи денеска им се исполнуваат сите желби.

Затоа мајки поминете го денов со вашите деца. Прошетајте со нив, играјте и сакајте ги – сите ќе бидат посреќни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top