| четврток, 6 декември 2018 |

Акраповиќ без промени во составот против Млада Болеслав

skendija

Шкендија го одработи последниот тренинг пред денешниот прв дуел (20 часот) со Млада Болеслав, на арената „Филип Втори“, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Тренерот Бруно Акраповиќ нема многу тајни кога е составот во прашање, но со истите фудбалери секогаш умее да пронајде начин да победи и да оди понатаму. Што се вели, секогаш знае да извади „ас од ракавот“. Барем, така беше досега.

Млада Болеслав е претставник на земја која беше учесник и на Европското првенство во Франција, но, сепак, не е тим кој е непобедлив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top