| четврток, 6 декември 2018 |

Куќата на Ѓулен во Турција ќе стане јавен тоалет

toalet

Родната куќа на имамот Фетулах Ѓулен, кого турските власти го обвинуваат за организирање на обидот за државен удар што се случи кон средината на овој месец, ќе биде пренаменета во јавен тоалет, јавија локални медиуми.

Ѓулен е роден во еднокатна куќа во местото Коруџук, во провинцијата Ерзурум во централна Турција, но моментно живее во егзил во САД, во сојузната држава Пенсилванија. Како што јавува порталот „Бејаз газета“, родното живеалиште на Ѓулен ќе биде претворено во јавен тоалет на барање на локалните жители. По обидот за преврат на 15 јули, револтирани граѓани низ Турција секојдневно палат примероци од книгите на Ѓулен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top