| четврток, 6 декември 2018 |

Мигранти плукале жени на базен: Ќе ве убиеме, ку*ви!

Шестмина мажи упаднале на нудистички базен во градот Гелдерн во Германија, во областа Северна Рајна – Вестфалија и започнале да извикуваат „Алаху акбар“ и да ги плукаат жените. Дофрлувале дека германските жени се ку*ви, дека треба да се истребат и дека Германците се неверници.

Очевидците за германските медиуми откриле дека мигрантите имале бради и изгледале како да имаат дваесетина години.

Една од нудистките, мајка од Гелдерн изјавила дека напаѓачите ги плукале жените и им извикувале „Алаху Екбер“. Таа додала дека насилството ја исплашило, а според зборовите на останатите кои што биле присутни на базенот, мигрантите извикувале дека Германците се неверници.

Мигрантите зборувале на германски, но исто така се заканувале и на арапски. После базенот, мигрантите ги вознемирувале луѓето кои што скијале на вода, за на крај да ги избрка еден од вработените на базенот.

Во јуни оваа година германската јавност беше вознемирена од документ на полицијата од Дизелдорф во кој пишувало дека полицијата е многу загрижена поради честите сексуални напади на јавните базени, а нападите ги изведуваат исклучиво мигрантите.

Младите мигранти муслимани кои што пристигнаа во Германија, кога ги гледаат Германките во костими за капење тоа го сфаќале како отворен повик за секс, па оваа година имаше голем број на пријавени случаи на силување и слични сексуални злосторства кон жените и децата на јавните базени во Германија и Австрија.

Поради тоа, во голем број на градови ширум Германија се поставени натписи на неколку јазици кои што треба да ги подучат мигрантите, жените и децата на јавните базени да ги третираат со почит.

Неодамна се појави и идеја, младите мигранти да бидат обучувани за спасители на базените и на тој начин да им се даде одговорност за безбедноста и мирот и да се интегрираат во германското општество. Сепак, еден од главните проблеми е тоа што голем дел од бегалците воопшто не го познаваат германскиот јазик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top