| четврток, 6 декември 2018 |

Веќе неколку дена полицијата трагала по вториот терорист од нападот на црквата во Сен Етјен ду Рувре

Вториот учесник во нападот на црквата во Сен Етјен ду Рувре веќе неколку дена бил баран од страна на полицијата, јави ТАСС.

Се очекува официјална потврда дека француската полиција околу пет дена претходно трагала по вториот терорист, за кој се смета дека е Абдел Малик.

Француската полиција издала наредба за негово апсење, како лице кое претставува закана за безбедноста на земјата.

При претресот на станот на првиот терорист, познат како Адел Кермиш, била пронајдена лично уверение на Абдел Малик (19).

При операцијата за неутрализирање на нападот, вториот терорист бил погоден со неколку куршуми во главата, и поради тоа не може да се потврди дали личниот документ му припаѓа нему.

Нема негови податоци во базата на податоци на полицијата и специјалните служби, бидејќи претходно нема направено прекршок.

Се очекуваат резултати од извршената ДНК анализа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top