Оливера Катарина
Фатална жена, актерка, пејачка која што жените ја мразеа, а мажите буквално ја обожаваа. Шефот на српските комунисти, Дража Марковиќ бил слаб на две нешта, јагнешко месо и убави жените. Така, додека Оливера Катарина пеела, тој лазел по неа!
Родена е во 1940 година во патријархално семејство. Растела со својот строг татко, па така одвај го дочекала полнолетството за да замине од дома. Заминала во Париз, но по извесно време се вратила во Белград и се запишала на академија за глума.
Буквално, преку ноќ, таа се омажила за новинарот Вук Вуч. Кога тоа го слушнал, актерот Милош Жутиќ, имено со години вљубен во неа, се отрул и одвај преживеал. Бракот траел две години.
На возраст од дваесет и две години започнала врска со Ратко Дражевиќ, разузнавач на Тито и филмски продуцент. Седум години со него живеела на висока нога во светските метрополи.
Со улогата во филмот „Sakupljači perja“ во 1967 година, Дражевиќ од неа направил вистинска ѕвезда по која полудела, како Југославија, така и цела Европа. Со својата појава и глас оваа девојка го залудела и самиот Салвадор Дали кој буквално се поклонил пред нејзината убавина. Цели 72 дена, секој ден, Оливера ја полнела најпознатата концертна сала во Париз, „Олимпија“.
Ратко не сакал деца и Оливера го напуштила. Се омажила за тогашниот градоначалник на Белград, Миладин Шакиќ и со него го добила синот кој денес живее во Шпанија.
Беба Лончар
Филмот „Љубов и мода”, снимен во Белград во 1960 година, претставувал пресврт во југословенскиот социјализам. Тогаш, за првпат во еден домашен филм биле претставени убави и млади луѓе кои безгрижно се сакаат и се забавуваат. А ѕвезда на тој филм беше Беба Лоначар.
По премиерата на филмот, Југославија ја добила својата Бриџит Бардо. Сите биле вљубени во слатката Беба, а таа била вљубена во белградскиот плејбој Дејан Божовиќ. Во тоа време убавината била нешто што или го имаш, или го немаш, естетската хирургија не постоела, а актерките заработувале толку малку, што одвај имале пари за сапун.
Имајќи предвид дека убавината на Беба секогаш го надминувала нејзиниот актерски талент, таа добивала улоги во вторкласни филмови, а кога требала да ја добие „приликата на животот“, таа се скарала со режисерот и до соработка никогаш не дошло.
Долго била во брак со бизнисменот Јосип Радељак, со кого го има синот Лео. Се развела во 1994 година, а тој подоцна се оженил со уште една актерка го огромна убавина – Ена Беговиќ. Беба Лончар денес живее во Белград и е повлечена од јавниот живот.
Бернарда Маровт
Во голем број на анкети, Бернарда била прогласена за најубавата мисица која што Југославија некогаш ја имала.
Таа едноставно била предодредена за успех – годишниот календар за 1982 година на магазинот „Старт“, кој во социјализмот претставувал замена за „Плејбој“, поради фотографиите на Бернарда бил продаден во неверојатни 350.000 примероци.
Станала мис на „Старт“ и на „Пентхаус“ пред да одлучи да си ја испроба среќата на изборот за Мис на Југославија.
Бернарда била одбрана за Мис Југославија на изборот во Загреб во 1982 година. Иако не поминала во првиот круг за Мис Хрватска, затоа што жири комисијата имала некои други фаворити, таа се појавила на натпреварувањето наместо Мис Косово, која се откажала.
Иако на изборот за Мис на свет во Лондон била дискредитирана поради разголените фотографии објавени во рамките на календарот, дури 30 фотографи од најразличнид делови на светот ја прогласиле за Мис фотогеничност и ја доделиле титулата за најфотогенична девојка во светот. Била прогласена за топ модел на Италија и Европа, а на врвот од својата кариера, таа заработувала и по 3.000 долари дневно
Ана Сасо
Една од најубавите мисици на поранешна Југославија, но многумина ја паметат по рекламата за сокот „Пипи“, кога таа излегува од море облечена во тесна блуза која ги открива нејзините бујни гради.
Ана е родена во 1963 година, а станала позната додека како хостеса на Сплитскиот фестивал на забавни мелодии, се пријавила за изборот на најубава Југословенка. Ниту една друга немала шанси покрај неа, па во 1982 година Ана ја добила круната и заминала во Лондон.
На светскиот избор поминала одлично и од вкупно 68 девојки, таа влегла во полуфиналето заедно со уште други седум светски убавици. Потоа ја снимила славната реклама.
Светската слава и била на дофат на рацете, меѓутоа таа ги одбивала сите понуди и се омажила за сопственик на неколку сплитски пекари. Нивната врска била турбулентна, а љубоморниот сопруг ја тепал дури и во јавноста.
По разводот, Ана Сасо била во врска со тогашната ѕвезда на Хајдук, Игор Штимец, но извори блиски до двојката тврделе дека ниту со него не пронашла среќа затоа што и тој бил агресивен.
Од 2001 до 2004 година била во брак со Игор Францеш, рибар и правник, со кого се развела поради неговото постојано неверство. Целиот свој живот таа повторува една иста реченица, а тоа е дека „На убавите жени им приоѓаат погрешни мажи“. Таа е жив доказ за ова тврдење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жената Бик е најдобра, жената Јарец најубава, а дамата во овој знак фрла сѐ под нозете
-
Со Дарко Панчев во стартниот состав: Пред точно 26 години, Југославија се прости од фудбалската сцена
-
Тајни белешки на ФБИ ја обелоденија вистината за Тито – конечно откриено кој ја водел Југославија
-
„Трст, Југославија“: Снимен докуметарец за златното доба на шопинг-меката во 60-те и 70-те години