| четврток, 6 декември 2018 |

Среќен лоз: За 49 долари добил хотел, ресторан и 10.000 во кеш

Брачната двојка Даг и Сали Бејц од Австралија во 1994 годинa се доселиле на островот Косрае во архипелагот Микронезија и таму отвориле свој хотел. Сега, 22 години подоцна, Даг и Сали решиле да се вратат во својата татковина и наместо да го продадат својот луксузен имот, организираа наградна игра.

На „Томболата“ можеле да учествуваат луѓе од целиот свет, а еден лоз чинел 49 американски долари. Пред извлекувањето на среќните броеви од лотаријата, кое се случи вчера, Даг Бејц изјави дека би сакал „неговата работа да ја продолжат луѓе со интереси слични нему и на неговата сопруга“. Тој исто така изрази надеж дека среќниот добитник ќе биде друштвен човек, што сака средби со луѓе од целиот свет и кој сака топла клима.

Бејц претходно најавија дека „Томболата“ ќе се одржи само доколку бидат продадени најмалку 50.000 лозови, што би значело приход од 2,45 милиони долари. Но, тој податок набргу беше тргнат од официјалната веб страница.

Сопстевникот на добитниот лоз се вика Џошуа и потекнува од австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс. Домаќинот не сакаше да го објави целосниот идентитет на новиот сопственик, за да го поштеди до медиумите, но и за тој да биде уредно и целосно известен и информиран за добивката.

А, добивката се состои од веќе споменатиот 16-­собен хотел, кој нема никакви долгови или какви било дополнителни трошоци, но вклучува и пет автомобили, два минибуса со по 10 седишта за потребите на туристите во хотелот, комби, куќа со четири соби, ресторан и готовина во износ од 10.000 долари.

Хотелот е изграден на земјиште под наем, но тој договор ќе истече дури по 20 години. Островот Косрае се наоѓа северно од Саломонските Острови и југозападно од Хаваите. На него има 6.500 жители. Хотелот е доста популарен меѓу туристите, посебно кај љубителите на риболовот и нуркањето

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top