| четврток, 6 декември 2018 |

Цената на нафтата падна под 45 долари за барел

nafta

Цените на нафтата денеска паднаа на нов тримесечен минимум, откако повторно зајакнаа стравувањата од глобална презаситеност на понудата во пресрет на извештајот за нивото на американските резерви.

Цената на американската лесна нафта се намали за 22 центи, на 42,7 долари за барел, додека северноморскиот „брент“ поевтини за 25 центи на 44,62 долари. Падот на цените следеше по тридневната зголемена побраувачка на енерегенсот.

Американската Управа за енергетски информации денеска треба да го објави својот извештај за нивото на резерви. Аналитичарите во своите предвидувања наведуваат дека резервите на бензин минатата недела се зголемиле, додека резервите на нафта продолжиле да се намалуваат веќе десетта недела по ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top