Премиерот Никола Груевски денеска, на празникот „Свети великомаченик Георгиј Победоносец“ заедно со митрополитот дебарско-кичевски Тимотеј и вевчанскиот градоначалник Цветомир Угриноски присуствуваше на поставувањето камен-темелник за возобновување на црквата „Свети великомаченик Ѓорѓи“ во Вевчани.
Митрополитот Тимотеј ги повика верниците да ја зацврстат верата и љубовта, по примерот на своите претци.
-Нека свети Ѓорѓи ја закрепи верата и љубовта, да можете и верата да ја сочувате, но и себеси да се запазите онака како што биле вашите претци. Свети великомаченик Ѓорги нека ги услиши нашите молитви и дај боже, оваа црква, овој манастир час поскоро да биде изграден, рече владиката Тимотеј. 
Изградбата на верскиот храм, според градоначалникот Угриноски е потврда дека вевчанци се добри домаќини.
– Голема е честа што како градоначалник заедно со премиерот Груевски и со владиката Тимотеј ставаме камен-темелник за возобновување на православниот храм посветен на Светиот великомаченик Георгиј. Ние како вевчанци и како добри домаќини преку Портата и преку овој храм, уште еднаш јасно ја испраќаме пораката за меѓусебна толеранција, соживот и разбирање, независно од нашата етничка и верска припадност, истакна Угриноски.
Црквата ќе се гради со донации од локалното население и другите граѓани кои имаат желба да учествуваат во нејзиното возобновување.
Освен во Вевчани, по повод Велигденските празници, премиерот Груевски вчера ја посети и Струга каде што во православниот храм „Свети Ѓорѓија“ им го честита големиот празник на православните верници.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


