| четврток, 6 декември 2018 |

Промовираа секс, им скокна наталитетот

Според последните податоци, благодарение на кампањата која ги повикува жителите почесто да водат љубов, порана наталитетот во Данска.

Кампањата со мотото „Напррави го тоа за мама“ почна минатата година, а нејзината цел беше да ги стимулира младите што побрзо да создадат потомство за да им овозможат на своите родители да уживаат во сите благодети кои ги пружаат внуците.

– Оние кои најмногу се грижат се мајките кои можеби никогаш нема да дочекаат внуци – се наведува во рекламата.

Набрзо по кампањата и Копенхаген почна со своја кампања кои ги повика граѓаните да размислат за плодноста.

Само девет месеци по кампањата извештаите говорат дека кампањата вродила со плод и дека се родени 1.200 бебиња повеќе од минатото лето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top