| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрант силувал баба на гробишта – Монструозно злосторство ја потресе Германија

migrant

Во Германија се случи нов случај на силување во кое мигрант (40) од Еритреја силувал постара жена на гробишта во градот Ибенбирен. Нападот се случил во неделата, а жителите на тој град ја известиле полицијата кога слушнале дека некој плаче и бара помош.

Жената која била жртва на нападот има 79 години и во вторникот излегла од болница. Таа често ги посетувала гробиштата каде е погребана нејзината сестра.

Напаѓачот, мигрант од Еритреја, во Гермнаија живее од 2013 година, каде има статус на бегалец, а по нападот против него е поднесена пријава и задржан е во притвор за време на истрагата.

Напаѓачот не се опирал за време на апсењето, а казната која може да ја добие е до 15 години затвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top