| четврток, 6 декември 2018 |

Турски пучисти служеле на Косово и во БиХ?

puc turcija

Офицерите кои служеле во турскиот баталјон во составнот на НАТО и во специјалната мисија на ЕУ на Косово се замешани во обидот за пуч во Турција, соопшти турскиот чиновник.

Овој факт наведува на одредени размислувања, пишува Анадолија, повикувајќи се на турски чиновник кој долго време служел во Косово.

Според него, не е исклучено организацијата ФЕТО на чие чело се наоѓа опозицискиот исламски проповедник Фетулах Гулен да го искористи Косово како „рехабилитационен центар“.

Фактот дека еден број воени офицери, учесници во воениот пуч, претходно служеле на Косово и во БиХ ги засилува претпоставките дека терористичката организација слободно дејствувала во овие земји, пишува агенцијата.

Косово и Албанија се земји кои не можат ништо да направат што се коси со надворешната политика на САД, а земајќи ја предвид поддршката која Вашингтон му ја дава на ФЕТО, наведените земји се добра отскочна даска за терористичките организации, се наведуваа во соопштението.

Во Турција ноќта на 16 јули е направен обид за пуч, при што беа убиени 290 луѓе. Турските власти за кратко време успеаја да ја вратат контролата над земјата, по што уапсија повеќе од 13.000 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top