Високиот воен советник на иранскиот ајатолах Хамнеи, Јахија Рахим Сафеви смета дека не е можно Русија и САД да не биле известени за подготовката на воен преврат во Турција.
Сафеви, за иранската агенција ИСНА изјави дека вакви дејствија „не е можно да се спроведат без знаење и одобрение на странски сили“.
-Има уште многу прашања без одговор за силите кои го поддржаа пучот во Турција, посочи тој.
Во одговор на прашањето, дали САД и Русија ќе постигнат нов договор, иранскиот воен советник истакна: Го сметам за многу важен факт тоа што за време на пучот американскиот државен секретар Џон Кери се наоѓаше во Москва на консултации со руските лидери.
Во претходните денови, турските медиуми објавија информација дека, неколку часови пред превратот, Александар Дугин, советникот на рускиот претседател, го посетил Ердоган во Мармарис, каде претседателот беше на одмор со неговото семејство.
Се смета, дека Дугин го предупредил Ердоган за подготвениот пуч.
Претходно, друг ирански претставник ги обвини Саудиска Арабија и Катар дека го поддржале државниот удар во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.