| четврток, 6 декември 2018 |

Британско-ирски самит за последиците од Брегзит

_90513444_maykennyБританскиот премиер Тереза Меј денеска во Лондон е домаќин на нејзиниот ирски колега Енда Кени, со кога разговара за последиците од одлуката на Велика Британија да излезе од ЕУ.

Кени е прв странски лидер што го посетува Даунинг стрит 10, откако Меј го наседи Дејвид Камерон на премиерската функција.

Главната тема на разговорите се економските и пограничните прашања, откако синдикатите побараа „сеирски договор“, пред да почнат преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ.

Меј и Кени разговараат за импликациите од Брегзит, врз силните трговски врски меѓу Велика Британија и Ирска, како и за иднината на постоечката „заедничка област за патување“ (ЦТА) на отворени граници, што потекнува уште од 90-те години на 20-от век, за време на разговорите околу британскто призвање на ирската независност.

Даблин, но и Белфаст стравуваат дека Брегзит ќе ги врати границите меѓу двете соседни земји на ирскиот остров и ќе го попречи слободното движење од едната во другата земја, кои сега ќе бидат на различни позиции – едната како членка на ЕУ, а другата надвор од неа.

Повлекувањето на Велика Британија од ЕУ ќе ги остави границите што ги раздојуваат двата дела од островот, а тоа и кај двете страни, посебно меѓу католиците, предизвикува страв дека ќе се врати стриктната контрола на граничните премини.

Тереза Меј, која вчера ја посети Северна Ирска, изјави дека „никој не сака враќање на границите од минатото“.

По разговорите со лидерите на унионистите и републиканците, таа порача дека владата во Лондон има „практично решение“ за границата, но новиот британски премиер засега не открива како тоа изгледа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top