| четврток, 6 декември 2018 |

Амбасадата на САД во Турција им дозволила на семејствата на персоналот да ја напуштат земјата

Американската амбасада во Анкара во вторникот соопшти дека им дозволила на семејствата на персоналот да ја напуштат земјата во која на 15 јули имаше неуспешен воен удар, јави „Ројтерс“.

Во Турција е во тек вонредна состојба.

– За време на вонредната сотојба во Турција може да се види зголемено воено и полициско пристуво и ограничување во движењето – се вели во електронската порака која ја испрати американската амбасада до сите Американци кои живеат во Турција.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top