-Многу ме радува што оваа инвестиција на која многу работевме почна да се ефектуира. Денеска почнува градбата на оваа леарница, 15 милиони евра е инвестицијата, ќе има 280 нови работни места директни, плус поголем број индиректни работни места и тоа за Пробиштип ќе значи многу, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој денеска присуствува на поставувањето камен-темелник за изградба на фабриката на компанијата Кранфилд Фаундри во индустриската зона Неокази во Пробиштип.
-Мене многу ме радува тоа што овде во Пробиштип во 2006-тата година имаше 4.200 невработени лица, денес има само 2.000. И тоа не е малку, треба да се работи и тоа да се намали, меѓутоа има значително намалување на невработеноста за повеќе од 50 отсто. Така што оваа инвестиција, која што очекувам да проработи во првата половина на следната година, можеби февруари, март или април ќе апсорбира директно 28о нови луѓе во првите година-две, а исто така многу луѓе ќе најдат вработување, ќе најдат егзистенција преку оваа нова инвестиција овде во Пробиштип – рече Груевски.
Тој потенцираше дека долго работеле на оваа инвестиција и откако истата се се остварила ќе продолжат да работат за да привлечат и други инвеститори и во Пробиштип и низ цела Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски