Сте виделе ли некогаш 2000 евра во денари? Во ситни пари или железни или монети. Од искуство знаете дека и петстотини денари во паричникот се претежок товар од кој гледате на секој начин да се ослободите.
Од таков претежок товар решил да се ослободи и скопјанец, па нашол генијален начин. Кусурот собиран пет години го вложил во автомобил и се почестил со ситроен С5.
–Почнав со собирање и си реков ќе си купам нешто поголемо… испадна кола. Собирав секој ден, од кусур. Секоја вечер ги празнев џебовите и ги ставав ситните пари настрана. И ете, по пет години се собраа 2000 евра, раскажува упорниот скопјанец.
Читателот кој ни ги испрати фотографиите е несреќниот продавач.
–Пари си се пари, но што да правам со 65 килограми монети, од каде да почнам, низ смеа вели тој и почнува да брои:
440х50=22000 метални педесетденарки
5190 денари се во монети од еден денар и два денари
1500х5=7500 петденарки
2400х10=24.000 хартиени десетденарки
3500х10=35000 метални десетденарки
Вкупно 2000 евра.
Им честитаме и на двајцата за упорноста, едниот да ги собере, а другиот да ги преброи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.