| четврток, 6 декември 2018 |

Девојчињата што ги уби гром направиле катастрофална грешка

Во центарот на Алексанровац загинаа петнаесетгодишните другарки Ангела Бачевиќ и Ивана Ивановиќ. Трагедијата се случи во близина на салата на спортовите додека девојчињата бегале од невремето, враќајќи се од градскиот базен, каде што го поминале денот. Од директниот удар на громот Ангела загинала на место, а Ивана со тешки повреди била пренесена во болница додека уште давала знаци на живот.

Лекарите од болницата се обидувале со реанимација да ја вратат во живот, но безуспешно.

Се истражуваат деталите од оваа несреќа, а засега неофицијално се сомнева дека девојчињата бегајќи од невремето користеле мобилни телефони, кои, најверојатни, ги привлекле громовите. Како што предупредуваат стручните лица, во вакви ситуации не треба да бидат вклучени телефоните. Ако телефонот е изгаснат, батеријата и понатаму е во контакт, па се препорачува да се извади од телефонот. Се сомневаат дека оваа кобна грешка девојчињата ги чинела живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top