| четврток, 6 декември 2018 |

„Татo, немој да ја читаш мојата книга“

Таткото на Тамара Маринковиќ која со книгата „ Трофеј“ се најде во ценатрот на вниманието поради што во неа ги опишува сексуалните врски на учениците со професорите, вели дека не ја прочитал книгата и ниту сака да разговара за тоа.

Тој тврди дека неговата ќерка му рекла да не ја чита книгата и дека тоа што се зборува не е вистина.

– Тато, немој да го читаш тоа, не е за твоите очи. Таа сега не е тука, не знам каде е – рекол Драган Маринковиќ и додал дека е лут на поранешниот професор на неговата ќерка.

– Какви се тие глупости дека Тамара е проблематична и дека јас и нејзината мајка сме разведени. Ќе го тужам – изјавил таткото на Тамара за српските медиуми.

Ни мајката на Тамара не сакала да даде никаков коментар, правдајќи се дека книгата ја нема прочитано.

– Не ми е гајле што прави, нема да се занимавам со глупости – вознемирено рекла мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top