| четврток, 6 декември 2018 |

Бараше помош, а изврши гаден злочин: Полицијата го откри можниот мотив за нападот во Германија

27-годишниот Сириец Мохамед Делеел повреди 12 лица и едно лице го загуби животот, откако се саморазнесе во ноќен клуб во Ансбах во Близина на Нирнберг. На Делеел му се заканувала депортација во Бугарија откако властите во Германија го одбиле неговото барање за азил.

На музичкиот хепенинг во градот каде се самоубил, присутни биле околу 2.500 луѓе.

– Според она што до сега го имаме како информација, станува збор за исламистички самоубиствен напад, објаснил Јоаким Херман, од германската безбедносна служба.

Портпаролот на владата изјави дека е рано за донесување одлука за промени во германската политика кон бегалците пред објавувањето на резултатите од истрагата за нападот.

– Делата извршени во последните неколку денови и недели не обезбедуваат јасна слика. Повеќето од терористите кои вршеа напади во последниве месеци во Европа не беа бегалци, вели портпаролката на владата.

Полицијата денеска по извршениот претрес во домот на сириецот открила дека му бил одбиен азил и наскоро требало да биде депортиран во Бугарија.

На полицијата ѝ бил познат по поседување на дрога, но и по неговото нарушено ментално здравје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top