Моминска вечер завршила трагично. Лимузината која вчера се запали ги возела девојките кои славеле моминска вечер, вечер пред свадбата на на медицинската сестра. По забавата се враќале кон хотелот кога една од нив почувствувала чад. Оганот се проширил со молскавична брзина. Пет од девојките загинаа, а четири успеајле да излезат. Две од нив се во критична состојба. Возачот Орвил Браун застанал веднаш штом слушнал една од девојките кои седеле позади во лимузината, дека чувствува чад. Чадот избил од задниот дел на лимузината и веднаш букнал оган. Петте жени кои загинаа биле заглавени, не можеле да се спасат.
Едната од загинатите е несудената невеста, Нериза Фојас. Аутопсијата на телата ќе опфати токсиколошки тест, а ќе се испита и дали на телата на загинатите кои оганот ги зафатил со молскавична брзина, имало истурен алкохол или бензин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


