| четврток, 6 декември 2018 |

Турција со ултиматум до САД: Дајте ни го Ѓулен, да не тргне на лошо

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека односите меѓу Турција и САД би можеле да бидат нарушени доколку Америка не го ектрадира Фетулах Ѓулен. Токму овој имам Анкара го смета за одговорен за обидот за државен удар.

Чавушоглу ова го изјавил пред посетата на САД, каде со тамошните дипломати ќе разговара за состојбата на билатералните односи меѓу земјите.

САД во неколку наврати предупредија дека за да го екстрадираат Ѓулен, очекуваат конкретни докази кои би го инкриминирале.

Правните екперти предупредуваат дека овој процес каков што е би траел и години.

Турскиот шеф на дипломатијата, исто така, рече дека Турција ја разгледува можноста за повлекување на неколку амбасадори за кои се верува дека се поврзани со обидот за државен удар. Тој додаде дека ЕУ „не може да и се заканува Турција“.

– Ние ги штитиме европските вредности. Европските претставници често го кажуваат она што им паѓа на ум, но кога тоа станува закана, тогаш тоа е контрапродуктивно – рече Чавушоглу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top