| четврток, 6 декември 2018 |

Не возел, туку „летал“ на автопат со дури 268 километри на час!

Косовец (36) со „мерцедес“ со швајцарска регистрација не возел, туку „летал“ во саботата, околу 7.30 часот наутро со 268 километри на час, што е досега највисока измерена брзина во Хрватска, објавуваат тамошните медиуми.

Хрватската полиција во изминатиот викенд на автопатот Брегана-Липовац забележала четири случаи на недозволена брзина поголема од 200 километри на час.

Во другите три има босански, македонски и српски државјанин кои возеле 245, 221 и 211 километри на час. Сите се казнети со парични казни од две илјади куни и забрана за користење на возачката дозвола во Хрватска во траење од еден месец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top