Истакнат функционер на коалиционата влада на островот Курасао е убиен од огнено оружје на јавна плажа среде бел ден, што е прво политичко убиство на малиот холандски острово во Карипското море, во близина на северниот брег на Венецуела.
Според премиерот на Курасао Даниел Хоџ пратеникот Хелмин Вијелс во неделата бил убиен со пет куршуми на популарната плажа Мери Помпен.
-Тоа беше ужасен, страшен чин и ние сме во шок. Не сме навикнати на вакви работи на нашиот остров. Живееме во демократија и би требало да се почитуваме меѓу себе. Најостро го осудуваме овој акт – изјави Хоџ, пренесува АП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


