| четврток, 6 декември 2018 |

Дефект во трафостаницата „Југ“ на кратко ги помрачи скопјани

Дефект на ќелијата на прекинувачот во трафостаницата „Југ“ во Скопје беше причината што синоќа околу 23 часот дел од Скопје остана без електрична енергија. Трафостаницата ги напојува со струја дел од населбите Пржино и Црниче, како и делови од централното градско подрачје и Аеродром.

Напојувањето брзо беше нормализирано. Корисниците за неполн час беа префрлени на други напојни точки и добија електрична енергија, велат од ЕВН.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top