Џиновите му помагаат на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен да покорува толку многу луѓе, изјави градоначалникот на Анкара, Малих Ѓокчек за телевизијата „Си-Ен-Ен-турк“ по обидот за пуч во Турција.
Ѓулен на прашањето како може Ѓулен, кој од турските власти е обвинет дека стои зад обидот за преврат да контролира толку голем број луѓе, градоначалнкот одговори дека „веројатно исламскиот проповедник ги користи џиновите“.
– Може да ви звучам смешно, но тој тоа го прави на невообичаен начин. Ги покорува луѓето преку „оние со трите букви“ – рече Ѓокчек.
– Познато е дека многу луѓе се покорени, а потоа се спасени. Тој има способност да го прави тоа. Луѓето се хипнотизирани и покорувани – изјави Ѓокчек, кој е градоначалник на Анкара од 1994 година и непоколеблив приврзаник на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.