Турција реши да ја распушти елитната претседателска гарда, откако речиси 300 нејзини членови се уапсени по неуспешниот обид за воен удар.
Дел од војниците, кои учествувале во заземањето на државата турска телевиизја ТРТ за време на обидот за пуч, биле припадници на претседателската гарда, изјави за Анадолија турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Тој рече дека е одлучено таа единица повеќе да не постои и оти од неа нема потреба.
– Повеќе нема да имаме претседателска гарда, нема ниту цел, ниту потреба – рече тој за телевизијата Ал Хабер.
Претседателската гарда има 2.500 војници, а најмалку 283 нејзини членови се притворени по обидот за пуч.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.