Непознат маж попладнево со мачета нападна неколку луѓе во во градот Ројтлинген. В онападот загина една жена, а повредени се двајца.
Сведок на настанот за германски „Билд“ вели дека кога го здогледал напаѓачот како дивее, еден возач на БМВ дал гас и го прегазил.
- После тоа тој само лежеше и не се мрдна повеќе – изјавил тој.
Напаѓачот наводно е 21-годишен мигрант од Сирија, веќе познат на германската полиција.
Жената која настрада работела во донер-ќебапчилница.
На „Твитер“ веќе се појавија фотографии од целиот инцидент. Очевидците велат дека напаѓачот бил вон себе, напаѓал без да гледа каде удира, а се нафрлил и на полициската кола.
Man took out #Reutlingen machete attacker with his BMW car, striking him out https://t.co/vDXh6w6SFb
— Roeland Roovers (@r0eland) July 24, 2016
Picture of the idiot who’s just killed the woman and since been arrested in #Reutlingen from @Bild. pic.twitter.com/0Vf24Hd6z7
— Andy (@MrLloyd83) July 24, 2016
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.