Аргентинскиот интернационалец Хавиер Маскерано ја одби и последната понуда на италијанскиот првак Јувентус и ќе остане на „Камп Ноу“ најмалку уште една сезона, пишува каталонскиот весник „Спорт“. Раководството на „старата дама“ во текот на вчерашниот ден испратило уште една понуда за ангажман на Маскерано, но Аргентинецот по разговорите со клупските челници одлучил да остане во Барселона, каде ќе добие и подобри услови за новата сезона.
Тренерот Луис Енрике категорично нагласил дека Маскерано е многу важен дел од играта на Барселона и дека не сака да дозволи тој да си замине од клубот. Со оглед на тоа, Јувентус доби дефинитивна порака дека Аргентинецот ова лето нема да пристигне во Торино.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.