Растот на прометот во индустриското производство дава надеж дека работите одат во добра насока и дека ударите од политичката криза се на некој начин амортизирани, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по посетата на Општина Дебрца.
Одговорајќи на новинарско прашање, Груевски подвлече дека засега економијата добро се држи и наспроти сите негативни влијанија на вештачки предизвиканата криза од СДСМ.
– Она ште е значајно и радува е податокот што во овој период, во првите месеци од тековната година, прометот во индустриското производство порасна за 11,4 отсто споредено со истиот период лани. Тоа дава надеж дека работите одат во добра насока. Исто така дава надеж дека и ударите што дојдоа од политичката криза на некој начин се амортизирани. Тоа не значи дека тие немаат негативно влијание или на некој начин негативно не влијаеле, но сепак, раст од 11,4 отсто на прометот во индустриското производство значи дека економијата засега добро се држи, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
Охрид e најзадолжена општина
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница