Изградбата на новата плажа треба да почне кон крајот на оваа или почетокот на идната година. Еве како изгледа идејното решение…
– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски придружуван од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајковски, денеска ја посети пешачката патека на брегот на Охридското Езеро во близина на село Подмоље.
За изградба на патеката се инвестирани 12 милиони денари или околу 200.000 евра, но, според најавите на министерот Мисајловски, ќе биде проширена со дополнителни содржини, а предвидена е и изградба на модерна плажа со ресторан, платформи, мало пристаниште…
– Изградбата на новата плажа треба да почне кон крајот на оваа или почетокот на идната година, информира Мисајловски.
Еве како изгледа идејното решение…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.