| четврток, 6 декември 2018 |

Железниот човек со приход од 175,3 милиони долари

Третиот дел од Железниот човек  заработи неверојатни 175,3 милиони долари во својот деби викенд. Проценките беа дека враќањето на Тони Старк во кината ќе донесе заработката меѓу 135 и 170 милиони долари, но филмот ги надмина очекувањата и стана филм со втор најголем бокс офис приход после Одмазниците на Марвел (207 милиони долари). Со тоа третото продолжение на Железниот човек го надмина последниот дел од Хари Потер кој сега се наоѓа на третото место. Филмот досега заработи 680 милиони долари на светско ниво и е на пат да стане филм со најголема заработка на сите времиња. За да го победи Одмазниците ќе треба да донесе најмалку 1,5 милијарди долари.

Еве ја листата на филмови со најголем приход на првиот викенд на прикажување:

zarabotka filmovi

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top