Ви ја пренесуваме ексклузивната приказна која води чекор понапред кој расветлувањето на мистериозното исчезнување на патничкиот авион на “Малезија Ерлајнс на летот “MH370”.
Како што пишува угледниот Њујорк Магазин, авионот на кобниот лет исчезнал на 8. март 2014. година, кога од необјасниви причини свртел од својата рута од Куала Лумпур кон Пекинг, и потоа исчезнал заедно со сите 227 патници и членови на екипажот над непрегледното пространство на Индискиот океан.

„Њујорк Магазин“ дошол до доверлив документ од истрагата која ја спроведува малезиската полиција, а според која капетанот на летот “MH370”, Захари Ахмад Шах, еден месец пред мистериозното исчезнување на својот симулатор летал на рута која влегувала длабоко во подрачјето над јужниот дел на Индискиот океан. Многу слична рута потоа летал и со вистинскиот авион со кој управувал и кој исчезнал.
Овој доказ Малезија не го открила при подолгиот јавен извештај за заклучоците од истрагата, а станува збор за засега најцврста индикација дека пилотот намерно летал во зафрлениот дел од океанот, останал без гориво, и така се убил самиот и сите на летот “MH370”.

До овие податоци всушност дошол американски ФБИ, кој од своите малезиски колеги уште во 2014. година ги добил хард дисковите со симулаторот за лет кој го користел Захари. Американските експерти на крајот успеале да вратат шест записи, направени неколку седмици пред авионот да исчезне. Од тие шест записи секој ја открива висината, брзината, насоката на летот и останатите клучни параметри за симулиран лет.
Токму тука дошло тоа необично и вознемирувачко откритие.
Горе споменатите податоци заедно го реконструираат симулираниот лет кој се движи од Куала Лумпур, оди северозападно кон Молучкиот теснец и тогаш нагло врти и се движи кон југ, сè додека некаде длабоко над Индискиот океан не останува без гориво.
Луѓето кои работат на истрагата за исчезнувањето на летот “MH370” веруваат дека тој авион одел на слична рута, на основа на сигналите кои авионот ги праќал кон сателитот откако пилотот престанал со комуникацијата, а авионот свртел од својата вистинска рута. Летовите сепак не се идентични, со оглед на тоа што авионот на симулаторот завршил на 1.400 километри подалеку од местото за кои инспекторите сметаат дека е локација на падот на “MH370”.
Но, сè уште станува збор за зафрлен дел од Индискиот океан, каде нема ништо освен вода.
Иако за ова долго се зборувало во медиумите, сега конечно доаѓаат некои конкретни податоци базирани на документи. Во секој случај, пилотот Захари според ова е првиот осомничен за исчезнувањето и падот на авионот со 227 луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


