| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанец ја силувал внуката, додека мајката и таткото на девојчето береле тутун!

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп повеќепати било силувано од чичко и, додека нејзините родители береле тутун. Случајот вчера, во 10:30 часот во полициската станица го пријавила мајката Ј.Т. (37) од Прилеп.

Како што информира денеска МВР, летото во 2012 година, Б.Т. од село Заполжани во период од две недели, во повеќе наврати, извршил полови напади врз девојчето кое тогаш имало 11 години. Во јули годинава сторителот повторно во неколку наврати го повторил делото.
Според мајката на девојчето, додека таа и нејзиниот сопруг Т.Т. биле да берат тутун, неговиот братучед Б.Т. влегувал во нивната семејна куќа во село Заполжани и во собата каде спиеле нивните деца извршувал полови дејствија врз нивната малолетна ќерка.

Силувањето се случувало се додека девојчето не му кажало на сторителот дека ќе го каже на нејзиниот татко. Оттогаш, па се до 2015 година Б.Т. немал никаков физички контакт со девојчето. Во тој период и испраќал смс пораки на мобилен телефон и пораки на Фејсбук. Девојчето, како што се наведува, поради срам и страв не го пријавила делото.

За настанот е запознаен јавен обвинител. ПС ОН Прилеп презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top