| четврток, 6 декември 2018 |

Семејството Груевски во посета на манастирот „Свети Наум“ (фото)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со сопругата Боркица и двете ќерки денеска попладне беше во посета на манастирот „Свети Наум“ во Охрид. Заедно ги посетија туристичките знаменитости и ја искористија богатата туристичка содржина што ја нуди Охрид.

gruevski-ohrid-3-640x480

Тие го привлекоа вниманието на посетителите и заедно се фотографираа со граѓаните кои изразија желба. Инаку, оваа година градот е преполн со странски туристи, од голем број на земји и домашни туристи од повеќе градови од државава.

gruevski-ohrid-2-640x480

Има и зголемен девизен прилив за туристичките работници, како и раст на авио-летовите со кои Охрид се поврзува со останатите региони и држави.

gruevski-ohrid-4-640x480

Груевски денеска беше на целодневната работна агенда низ Охрид и охридскиот крај, при што промовираше и изврши надзор на реализацијата на повеќе проекти кои се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и оствари средби со граѓани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top