Германскиот весник „Билд“ објавува интервју со Томас Селби, човекот кој го сними напаѓачот од Минхен на покривот на паркингот во близина на трговскиот центар „Олимпија“.
– Пиев пиво после работа и чув пукање. Прво во „Мекдоналдс“ – бам, бам, бам, така звучеше. Тогаш луѓето почнаа да трчаат низ трговскиот центар, тоа е точно пред нашата куќа. Прво помислив дека се слушна калашников – вели Селби.
– Го репетриаше пиштолот. Фрлив шише на него, но тоа падна на покривот. Тогаш му викнав: Кретен еден, дали си нормален? и се појави на покривот на паркингот. Напаѓачот ми одговори: Јас сум Германец – објаснува Селби во интервјуто.
Селби истакнува дека напаѓачот од Минхен кој убил девет луѓе и изврши самоубиство, куршумот го испукал во неговиот правец. Има дупки од куршумот на неговиот балкон.
Според него, полицијата кога дошла, не знаела каде е напаѓачот.
– Им кажав дека е на покривот на паркингот. Не се уплашив. Не знаев дели куршумите се вистински или гумени – вели во интервјуто 57-годишниот Селби.
Минхенската полиција соопшти дека во пукањето загинале 10 луѓе, а 27 се ранети. Напаѓачот не бил поврзан со Исламската држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Напад со нож во Минхен: Една жена е убиена, а четворица се повредени
-
Последната слика што ми стои пред очите е Калина и тројцата планинари како одат кон врвот – трогателно сведоштво!
-
Сведоштво на жители на Аеродром: Како ги спасувавме децата од бесниот ротвајлер (видео)
-
Сведоштва: Како загина Даме Груев (Видео)


