Поливалентните вакцини досега во Македонија примиле над 85 илјади деца. Родителите се задоволни од користењето на поливалентните вакцини бидејќи овозможуваат бројни бенефити кај децата изјави Никола Груевски, претседател на ВМРО ДПМНЕ кој денеска беше во посета на Охрид.
За набавка на петтовалентни и шестовалентни вакцини инвестирани се околу 2,8 милиони евра или 170 милиони денари.
– Задоволството е големо кај родителите кои ги носат своите дечиња на вакви вакцини. Наместо пет или шест пати се оди еднаш, се избегнуваат пет до шест боцкања, што е мала траума за децата. Се избегнуваат несакани реакции при примање вакцина, бидејќи има само еднаш аплицирање. Има и други предности затоа што се работи за инекции со поквалитетна супстанца и повисок процент на чистина. Искористувањето е одлично и тоа ќе продолжи и во наредните години, бидејќи тоа беше наше ветување пред граѓаните, граѓаните тоа го бараа и ние тоа го реализиравме – изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.