Министерството за внатрешни работи информира дека ноќеска, два часа после полноќ В.П. во ПС Карпош пријавила дека на 22.07.2016 година околу 19.30 часот непознат сторител извршил полов напад врз нејзината дванаесетгодишна ќерка.
Додека девојчето возело велосипед по булевар „Иво Лола Рибар“ и ул. „Анкарска“ застанало до едно непознато машко лице, кое се движело пеш, на возраст од околу 40 години, и му побарала 20 денари. Сторителот и рекол дека ќе и даде, но дека треба да појде со него до блиската гаража, на што истата се согласила. Наместо 20 сторителот и дал 500 денари и ја однел во гаражата каде го извршил половиот напад, по што заминал и и рекол да не кажува никому.
Полицијата презема мерки за расчитување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.