| четврток, 6 декември 2018 |

Адидас дизајнираше „ѓаволски“ добри дресови за Манчестер јунајтед (видео)

Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед утрово и официјално ги промовира новите дресови со кои фудбалерите ќе настапуваат на „Олд Трафорд“ во сезоната 2016/17. Новиот дизајн на „ѓаволскиот“ дрес досега е нешто невидено во историјата на фудбалот.

mancester junajted 3

Германската спортска компанија „Адидас“ која од минатата сезона ги застапува „црвените ѓаволи“, за новата сезона дизајнира дрес кој има специјална комбинација на две различни нијанси на црвена боја. Оваа комбинација дресот го дели по вертикала, така што и логото на „Шевролет“ личи како да е во два дела.

mancester junajted 1

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед овие дресови ги промовираше во Шангај, каде Мурињо и своите избраници се наоѓаат на подготовки. Вчера, во вториот контролен натпревар англискиот клуб убедливо загуби со 1-4 од вицешампионот на Германија, Борусија Дортмунд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top