
После пукањето во најголемиот трговски центар Олимпија во северниот дел на Минхен, во тој град се личи на воена состојба, пренесуваат соговорниците на СиЕнЕн од Минхен.

Улиците се преполни со полиција, полициски возила, а хеликоптери го надлетуваат градот. Постои сомнеж дека станува збор за терористички напад, но тоа се уште не е потврдено.

Парламентарецот од Германија, Чарлс Хубер, вели дека загриженоста е уште поголема со самиот факт што во тој град наскоро почнува традиционалниот Октоберфест.Тој во директното вклучување за Си ЕнЕн рече дека времето на ваков напад е внимателно избрано бидејќи нивото на безбедносни мерки е многу пониско од она што ќе биде за Октоберфест.
Граѓаните се повикани да не излегуваат на јавни места и да седат дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нападот во Амстердам е терористички чин: Сторителот и признал на полицијата
-
Напад со нож во Минхен: Една жена е убиена, а четворица се повредени
-
Крваво утро во Стокхолм: Експлозија во близина на метро станица, маж се бори за живот (видео)
-
Бомба во цевка одекнала на една од најпрометните автобуски станици во Њујорк: Уапсен еден осомничен, од јакната му виселе жици (фото – видео)


