САД не дозволува закоп на терористот од Бостон на нивна територија. Властите во три американски држави – Масачусетс, Конектикат и Њу Џерси одбија да дадат место за закоп на наводниот организатор на бостонските терористички напади Тамерлан Царнаев.
Во моментот телото на Царнаев се наоѓа во мртовечница во градот Устер, во Масачусетс. Локални жители протестираа тој да не биде погребан на американска територија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.