Најмалку шестмина загинаа во денешниот напад во Минхен, германија, каде во тек е потера по напаѓачите кои извршија оружен напад во трговскиот центар Олимпија, јавува Баварската национална телевизија. Во тек е евакуација, додека германските специјалци ја пребаруваат областа. Медиумите наведуваат за десетици жртви.
Власта предупредува за можни нови напади. По пукањето, затворена е главната железничка станица, а низ Минхен се шири паника. градските власти прогласија вонредна состојба, а болниците се подготвени за прием во сложени услови.
Додека полицијата ги моли граѓаните да не излегуваат на улица, се јавува дека луѓе се движат по железничките шини.
Очевидци сведочат за тројца напаѓачи. Полицијата се сомнева за терористички напад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Напад со нож во Минхен: Една жена е убиена, а четворица се повредени
-
Тероризам во Ирска? Се испитуваат методите за убиството на еден маж на среде улица
-
Оперскиот пејач Дурловски ќе одговара за тероризам, а терористите кои убија деца на Смилковско на слобода
-
Приведени деветмина во Атина: Се сомневаат дека подготвувале терористички напад


