
Заради тепачка меѓу патници во авионот Џетстар на линијата од Сиднеј до Тајланд синоќа бил пренасочен кон островот Бали. Официјално, шестмина патници биле „немирни“ и не ги послушале препораките на екипажот.
-Испија премногу пиво и друг алкохол во авионот. Некои од нив започнале тепачка и ги игнорираа барањата од пилотската кабина да се доведат в ред- посочија од компанијата.
Шестмината пијани на сила биле изнесени од авионот. Обезбедувањето на аеродромот во Бали ги преземало патниците кои дивееле.
-Не се сериозно повредени имаат само модринки и гребаници- посочуваат од аеродромот, додека австралиските медиуми емитуваат снимка од еден од нив со помодрено око, додека друг со крвав, скршен нос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


