| четврток, 6 декември 2018 |

Одбиени жалбите на СЈО за предметот „Тортура“

oss2Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги одбил жалбите на Специјалното јавно обвинителство поднесени по одлуката на судијата на претходна постапка да не определи мерки за претпазливост за полициските службеници осомничени во предметот „Тортура“.

„Кривичниот совет, постапувајќи по жалби на СЈО изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 14.7.2016 за предметот познат како ‘Тортура’, по одржана седница, донесе решенија со кои жалбите на Обвинителството ги одби како неосновани. Со донесените решенија, Советот ги потврди одлуките на судијата на претходна постапка со кои беше одбиен предлогот на СЈО за определување мерка за претпазливост – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело против 6 лица“, се вели во соопштението на Судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top