| четврток, 6 декември 2018 |

Дали и Рада ќе заврши како Јелена – Секташки симболи на влезот на станот во Виена

рада

Рада Матиќ од Виена која во центарот на интересирањата дојде откако ги објави СМС преписките со мажот на свирепо убиената пејачка Јелена Марјановиќ вели дека со месеци и стигнуваат закани од обожавателките на Зоран Марјановиќ, кои сега отидоа чекор понапред и во влезот на зградата  во која живее во Виена, пред два дена, на роденденот на Зоран исцртале секташки симболи.

-На ѕидот исцртале два круга во кои се крстови, а потоа преку нив на едниот нацртале срце, а на другиот ѕвезда. Кога соседите виделе многу се исплашиле. Убедена сум дека тоа е дело на членови од семејството Марјановиќ – рекла Рада.

Сепак таа вели дека не е исплашена и едиствено се надева дека убиецот на брутално убиената пејачка ќе биде уапсен.

-Мене ми е важно да се уапси монструмот кој ја уби Јелена, но и се да октрие се за Зоран, неговите секташки активности и еротските пораки кои ми ги праќаше- рекла Рада Матиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top