Нов допинг-скандал го тресе светскиот спорт на две недели од започнувањето на Летните олимписки игри во Рио.
Со новата метода на испитување на примероците земени од спортистите на Олимпијадите во 2008 во Пекинг и 2012 во Лондон дури 23 освојувачи на медали користеле недозволени средства. Освен овие 23 спортисти бројката е многу поголема и таа сега изнесува 45 нови спортисти.
Како што известува Интернационалниот олимписки комитет бројот на престапници со новите случаи за Олимписките игри во 2008 и 2012 порасна на 98.
Првото дополнително тестирање за ЛОИ во Пекинг 2008 година опфатило 454 спортисти од кои дури 30 се позитивни на А-примероците од шест спортови и 12 земји.
Истото е сторено и за ЛОИ во Лондон четири години подоцна, а се земени 265 примероци во кои се најде 30 спортисти недозволени средства, од пет спорта и шест земји.
Вториот бран на дополнителни тестирања за олимписките игри пред четири и осум години опфатиле 386 тестирања за спортистите во Пекинг од кои 30 биле позитивни. Тие се натпреварувале во четири спорта и доаѓаат од осум земји. Додека за игрите во Лондон со дополнителните тестирања се опфатени 138 примероци од кои 15 се позитивни. Овие спортисти се натпреварувале во два спорт, а доѓаат од девет земји.
Интернационалниот олимпски комитет до овој момент сеуште нема обелоденето ниту едно име на дополитено фатените спортисти кои користеле недозволени стимулативни средства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.